Скопје/Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои и одлуката да се објави нов оглас за претседател на Основен суд Охрид, затоа што пријавениот кандидат имал навремена, но нецелосна апликација.
За Јордан Јованов, судија на Основен граѓански суд Скопје, кој со претходна одлука на Советот беше времено упатен во Основен суд Струга, по негово барање беше донесена одлука, повторно да биде упатен на една година во судот во Струга.
На денешната седница Советот ги усвои Правилникот за користење службен мобилен телефон и Правилникот за начинот на користење на службени моторни возила од возниот парк на Судскиот совет на Македонија. Воедно, беше донесена одлука да се продолжи соработката со Институтот за социолошки правни истражувања во делот на спроведување на психолошки и тест за интегритет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес