Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едносменска настава во новата учебна година ќе има само во неколку училишта на територијата на Општина Охрид.
– Работа во една смена со продолжен престој до 16:00 часот ќе има во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани, потоа во ПУ Елшани, како и во ООУ „Св. Климент Охридски“. Во ПУ „Ванчо Николески“ во село Косел настава ќе има само во прва смена со продолжен престој до 14:00 часот, додека во ПУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј во една смена со продолжен престој, информираат за Супер радио и OhridPress од Општина Охрид.
Учениците ќе одат само во прва смена во улилиштата „Св. Наум Охридски“- ПУ Коњско и ПУ Трпејца, ООУ „Ванчо Николески“- ПУ Куратица и ООУ „Св. Климент Охридски“- ПУ Даљан.
– Наставата во две смени ќе продолжи во ООУ „Григор Прличев“ и ПУ Рача, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Братство Единство“, ООУ „Живко Чинго“ во село Велгошти, ООУ „Ванчо Николески“ во село Лексоец и ООУ „Кочо Рацин“, додаваат од локалната самоуправа.
Што се однесува до средните училишта, едносменско работење, што беше и претходно најавено, ќе има само во гимназијата „Св. Климент Охридски“, додека во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ наставата ќе се одвива во две смени.
Новата учебна година е на прагот, а од локалната велат дека сите општински основни и средни училишта се подготвени да ги дочекаат учениците на 2-ри септември.
Во учебната 2024/2025 година досега се запишани вкупно 436 првачиња, поделени во 29 паралелки.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес