Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува музичката и социјално-едукативна програма во рамки на второто издание на Ohrid Water Festival.
– Подгответе се за врвна забава со фантастични концерти од 27-ми до 31-ви август. Уживајте во нашата музичка програма, порачуваат од Ohrid Water Festival.
Вечерва од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Трпејца под вода“, а од 21:00 часот е концертот на Емилија Колоска и „Балтер“.
Во среда ќе има изложба „Видови риби во Охридското Езеро“, а за забавата ќе бидат задолжени диџеите Chvare и Goce Saf.
Во четврток, на 29-ти август од 19:00 часот е концертот на хорот на „Златно славејче“, следи изложбата „Подводниот свет на Охридското Езеро“, па Дизни концертот на учениците од ОМУ „Методи Патче“. Истата вечер ќе бидат промовирани пливачите учесници на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Во петок ќе биде отворена изложбата „Нешто сино“, ќе биде промовирана охридска и македонска традиционална храна поддржано од Slow food Ohrid, а за музичкиот дел ќе бидат задолжени Наум Петрески, Милован Секулоски и група „Сарај“.
Последниот ден, во сабота на 31-ви август, музичкиот дел ќе кулминира со целовечерен концерт на „Суперхикс“.
Сите предвидени настани ќе се одржуваат на платото пред хотел „Палас“, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива