Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

За сите родени ’60, ’70 и ’80-тите години: Како ли само преживеавме?

Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се возевме во „Фиќо“ или „Застава 101“ без појаси, крадевме овошје, паѓавме, станувавме, јадевме колачи, пиевме вода од црево, сладолед и ретко кој беше дебел…

Возевме само еден велосипед сите во улицата. Тоа беше некој стар „Пони“ на кој постојано му испаѓаше ланецот, додека сите се обидувавме да го наместиме со измастените прсти. Во близина никогаш немаше родители кои на цел глас викаа „полека, полека, ќе паднеш“, или некои „посебни“ деца кои носеа кациги.

Stare igre iz Bosanske Posavine | domaljevac-samac

За време на летниот распуст од дома излегувавме наутро, а се враќавме доцна навечер. Денес никој не може да се сети што правевме во меѓувреме, но се сеќаваат на игрите: фудбал, долга магарица, криш-миш, били, „војните со тегнала“, ластик за девојчињата, и многу, многу други…

Image result for djetinstvo nekad stare igre

Кога ќе се стемнеше, мајките не викаа да се вратиме дома, но ни тогаш не сакавме да се одрекнеме од трчањето и играта.

Мобилни телефони немаше, никој не можеше да ни се јави да дојдеме дома. Јадевме овошје кое го крадевме, откако ќе се качевме на високите јаболка или цреши на соседите…

Паѓавме, ќе скршевме рака, нога или некој заб и никој никого не го издаваше кај родителите. Гребаниците и исекотините за кои велевме дека „не е ништо, престана да тече крв“, не ги ни приметувавме, само за да не изгубиме некој момент од играта. Знаевме, ако се вратиме такви дома, повеќе нема излегување.

Јадевме колачи, пити, леб со маст, единствените еден-два вида сладолед, палачинки, но никој не беше дебел, затоа што постојано трчавме, скокавме и брзавме некаде… По неколку од нас пиеја сок или вода од исто пише или чаша и никој не доби инфекција или се разболи поради тоа.

Немавме интернет, мобилни телефони, конзоли, немавме 160 канали на телевизија, но имавме пријатели!

Излегувавме надвор и ги пронаоѓавме. Немаше потреба да се договараме. Седевме на клупите, се качувавме на дрвјата и зборувавме за се’ и сешто. Ако сакавме некого да го повикаме, ќе одевме на неговата врата и го повикувавме надвор.

 

Дали се сеќавате? Како ли сме преживеале?

Сите играа фудбал, одбојка, но скоро никој професионално не тренираше некој спорт. Многу од нас ги немаа сите петки на училиште, но ретко кој го повторуваше одделението. Родителите не учеа со нас и не ни ги решаваа тесторвите и задачите. Татковците строго велеа: „Ако си добил единица, за себе си ја добил“.

Бевме подготвени за последиците. Не се криевме од одговорноста. Родителите секогаш беа на страната на учителот – „Ако згрешиш, ќе следи соодветна казна“. Никој не те штитеше и тоа се подразбираше.

Имавме слобода да избереме, да учиме, да одиме на факултет ако сакаме. Родителите ретко кога се мешаа во нашите одлуки.

Како ли само преживеавме во тој опасен свет?! (Крај)

извор: kurir.rs фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука