август 27, 2024

Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа повеќе од 30 години откако новиот го замени стариот, дрвен мост кој служеше за поминување на каналот „Студенчишта“ и движење на граѓаните натаму кон „Студенчишко блато“ и плажите „Горица“.

Полни 3о години на охриѓани им служи новиот мост, на кој многу ретко се користи подвижниот дел, кој е прилагоден за подигнување, односно случаи кога по каналот треба да помине брод, чии делови се повисоки од височината на мостот над водата.

Така беше и денеска, во раните утрински часови, кога читатели на OhridPress направија фотографии од еден ваков случај и ги испратија до нашата редакција.

Мостот на каналот „Студенчишта“ е изграден пред повеќе од 30 години. Работите ги изведуваше тогашниот гигант ЕМО, а низ годините се регистрирани и неколку дефекти на системот за подигнување. При секој таков, одново се отвора темата за тоа кој реално треба да го стопанисува овој објект. Претходно, при вакви и слични дефекти интервенирале Хидробиолошкиот завод, Министерството за транспорт и врски, а најчесто индивидуални сопственици на пловни обејкти кои имале потреба од влез и излез на нивните пловила во каналот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука