Економија Избор Свет ТОП ВЕСТИ Туризам

Се вратил да живее во напуштено село без струја и вода, отворил гостилница за која денес се резервира една недела однапред: Не знам како ме наоѓаат гостите

Хвар, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Берти Тудор е единствениот жител на селото Malo Grablje на Хвар и сопственик на гостилница, која за да се посети, мора да се резервира маса барем една недела однапред.

Берти донел сериозна животна одлука едно утро и се преселил од крајбрежното село Милна на Хвар во куќата на неговиот дедо во Malo Grablje, село во внатрешноста на островот кое е целосно напуштено од средината на шеесеттите години на минатиот век.

Таму со семејството отворил мала гостилница, која деновиве е толку популарна што е потребно да се резервира маса најмалку една недела однапред. Овој ресторан стана популарен поради вкусните јадења кои ги нема многу на број на менито, но се толку исклучителни и вкусни, што едноставно се топат во уста, пишува Travelblog.rs.

Со својата работа Берти му вдахнал нов живот на напуштеното село кое стана посебна дестинација за туристите.

– Немам никаква реклама, не знам како ме наоѓаат луѓето, изјави тој за „Вечерњи лист“. Сепак, тоа не е чудно, бидејќи за него и неговата гостилница пишуваа многу светски познати медиуми, меѓу кои и Њујорк Тајмс.

Malo Grablje

Селото Malo Grablje се наоѓа на околу седум километри од градот Хвар и е целосно напуштено. Околу 180 жители го напуштиле селото пред повеќе од 56 години, делумно поради филоксера, болест на виновата лоза која ги уништила нивните лозја, кои биле нивниот главен извор на приходи.

Трошоците се мали во гостилницата на Тудор, бидејќи вработени се само тој и неговото семејство, а струјата ја обезбедуваат соларни панели на покривот, што овозможува скромно осветлување со мали светилки над масите. (Крај)

извор: nova.rs фото: nova.rs

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука