Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре организиран превоз до Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, утре, среда, 28-ми август 2024 година, Општина Охрид организира превоз до селото Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Богородица Пречиста.

– Тргнувањето е во 08:30 часот од пред седиштето на Шпаркасе Банка на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 часот. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука