ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ангелов: Пожарот на Галичица е ставен под контрола, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни

Скопје/Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се сѐ уште активни, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

– Во регионот на Охрид, ставен е под контрола пожарот на планината Галичица, кај местото викано „Зли Дол“, на територија на Општина Охрид, каде тлеат трупци од претходниот пожар. Пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот, додава Ангелов. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука