Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за дожд попладне и температура до 27. степени

Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени сончеви периоди и услови за пороен дожд и грмежи, особено попладне кога ќе биде нестабилно на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Под влијание на циклонска активност од исток до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре и во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука