ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Активни се 5 пожари, на Галичица е под контрола

Скопје/Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, среда, 28-ми август 2024 година, регистрирани се вкупно 39 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола е 1 и изгаснати се 33, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во регионот на Охрид, под контрола е пожарот на планината „Галичица“, кај м.в. „Зли Дол“, каде беше регистрирано чадење во внатрешноста, додаваат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука