Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска од 11:00 часот најмладите ќе имаат можност да навлезат во тајните на нуркањето во посебен базен во дворот на хотелот „Палас“ со нуркачите од Центарот „Амфора“, како дел од активностите на Ohrid water festival.
– Сите заинтересирани деца од 8-12 години ќе имаат прилика да нуркаат со нас. Децата ќе бидат опремени со модерна опрема прилагодена специфична за нивната возраст во строго контролирани услови. Пред да се започне со активноста, ќе има обука на која децата ќе се запознаат со нуркањето и нуркачката опрема. Во текот на нуркањето ќе се направат подводни фотографии и видео и ќе се доделат дипломи од Нуркачкиот центар „Амфора“. Настанот е поддржан од Општина Охрид, Флуид Проект – Скопје, Scubapro и Scuba Schools International, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Додаваат дека нуркањето е бесплатно за сите учесници кои задолжително треба да дојдат со родител/старател. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива