Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на локалниот пат кај струшко Мороишта, повредени три лица

Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми август 2024 година, во 17:15 часот, во Полициската станица во Струга, било пријавено дека на локалниот пат од струшкото село Мороишта кон селото Волино, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 69-годишно лице од охридското село Требеништа и патничко возило „Фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од дебарското село Могорче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобило и 50-годишно лице од селото Требеништа, констатирани во Медицинскиот центар во Струга и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука