Билтен на СВР Охрид: Лишено од слобода 73-годишно лице кое физички ги нападнало сопругата и синот
август 29, 2024

Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми август 2024 година, во 17:50 часот во Охрид полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 73-годишно лице од охридско село, по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 70-годишна сопруга и неговиот син.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука