Автопат Кичево-Охрид
август 29, 2024

Скопје/Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сериозно работиме на решавање на проблемите на автопатот Охрид-Кичево кој очекувам да биде завршен до крајот на 2026 година, иако се соочуваме со огромни проблеми, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Делот Кичево-Букојчани во соработка со ЕБОР очекувам до пролет да има изведувач и да почне да се работи, а Букојчани-Гостивар е дел од договорот познат во јавноста како договор со „Бехтел и Енка“ и на тој потег веќе интензивно се работи на експропријација и на проектирање. Очекувам првите километри да бидат изведени веќе следната година, така што работиме на целосно поврзување на едниот со другиот крај на државата и мислам дека тоа е јасна политичка порака колку ние внимание посветувамe во овој Коридор, рече Николоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука