Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Возило на Брзата помош денеска, нешто по 16:00 часот, мораше да вклучи ротација и звучни сигнали за да може „избега“ од сообраќајниот хаос кај охридската Пожарна.
Изградбата на нова зграда на овој потег од градот предизвика ограничено движење на возилата и многу тесна уличка која сега води кон зградите и куќите на овој потег. Сето ова, секојдневно предизвикува огромни проблеми за сите кои живеат во овој дел на градот.
Вработените во СВР Охрид, околните дуќани, бројни вработени во дуќаните во чаршијата, но и возила од целата држава се во потрага по бесплатен паркинг во овој дел на градот, кој е многу блиску до строгиот центар на градот.
Жителите на овој потег апелираат до сограѓаните да користат возила во овој дел само во поголема нужност, а до одговорните, особено до охридската полиција, која е на само десетина метри од овој дел, да спроведат соодветен ред и да ги преземат сите законски мерки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес