Забава Избор

Слаткаристика и Тони Зен во Охрид го снимија спотот за новата заедничка песна „Милион лета“

Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Двајца од најпопуларните Хип Хоп артисти кај нас, Слаткаристика и Тони Зен во Охрид го снимија спотот за новата заедничка песна „Милион лета“.

– Брат Тони Зен, ова е наша 10-та заедничка песна. Да ни се множат. Да го испратиме летово како што треба. Уживајте, порача Слаткаристика на социјалните мрежи.

Музиката за „Милион лета“ е на  Слаткаристика, кој заедно со Тони Зен го потпишуваат и текстот. Аранжманот и Мастерот се дело на Иван Јованов Iwayo. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука