Белград/Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува Инсајд Евролига, кошаркарскиот клуб Партизан од Белград подготвува вистинска „бомба“ на крајот од преодниот рок. Станува збор за одличниот НБА играч и турски репрезентативец, Џеди Осман.
Според нивните информации, Осман има понуди од Партизан и Анадолу Ефес, а негова главна желба е да остане во НБА лигата, но ги разгледува и понудите на овие два клуба, јави derbi.mk.
Српските „Црно-бели“ за кратко време го комплетираа составот и им остана празно местото на крилен центар за да ја довршат приказната. Според Инсајд Евролига, изборот паднал токму на Осман.
Тој е роден во Охрид, Република Македонија, а веќе го носеше дресот на Анадолу Ефес и настапуваше за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА лигата. (Крај)
извор: derbi.mk фото: архива