Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Николоски: Со нов закон ќе се забрза изградбата на автопатот Кичево-Охрид, напролет да се вози по одредени делници, се решаваат проблеми со експропријација, објекти и свлечишта

Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата донесе нов Закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево-Охрид, кој што се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското Собрание и со тој Закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализација на патниот правец, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.

– Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 километри од местото каде што е произведен што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат, напомена Николоски.

Тој истакана и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса како и со свлечиштата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука