Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна го промовираа првиот сингл „Галеб охридски“ во познатото охридско „Форт Кафе“, Владо Броз и Марама вечерва ќе го понудат и вториот, „На тебе сум осуден“, како дел од втората, поп вечер на фестивалот „Охрид Фест – Охридски Трубадури“.
Песната е дело на познатиот продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е автор и на „Чувам слики, спомени“, со која синоќа Емилија Маринова се претстави на фолк вечерта.
Владо Броз и Марама се едни „двајца“ за кои Каралиевски подготви два нови летни хита, кои важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: George Piruze
Прочитано: 210