август 31, 2024

Постарите луѓе имале посебен принцип според кој функционирале во општеството, додека со текот на времето се’ се менувало. Тие цврсто верувале дека треба да молчат за нивните проблеми и дека никој, освен најблиското семејство не треба и не смее да знае за нив.

Често слушаме: „Молчењето е злато?“, но ретко кој знае зошто е тоа така.

Некои луѓе мислат дека најголемиот дел од луѓето не се грижат за туѓите проблеми, други веруваат дека кога некој ги споделува своите грижи со вас, тогаш ви верува, додека некои сметаат дека сите луѓе се преплавени со проблеми и дека зборувањето за овие проблеми е еден вид терапија.

Во минатото зборот „проблем“ ретко се користел. Наместо тоа, луѓето имале свои тешкотии и цели. Имаше само живот, а срамота било да се спушти главата. Меѓутоа, денес многумина не се срамат да кажат дека имаат проблеми.

Приказната за стариот овчар Алим со себе носи голема поука и одговара на многу прашања.

Старецот Алим имал големо стадо овци и куќа од камен. Но, како што староста започнала да го зема својот данок, неговите секојдневни задолженија му станувале сè потешки и веќе се појавиле и првите здравствени проблеми. Кога една зима се разболел, морал да се соочи со болеста. Успеал некако да ја победи, но таа си го зела својот данок и имал болки во грбот и зглобовите секогаш кога времето било лошо и се менувало.

Старецот ги споделил своите проблеми со соседот, но наместо сочувство, сожалување или помош, тој му рекол дека е стар и дека работата му станува товар. Веста брзо се проширила, а некои дури се обиделе да украдат овци од стадото на Алим.

Луѓето дошле и му рекле дека е стар и дека не може веќе ништо. Му понудиле да им ги продаде овците по многу ниска цена. Алим не се согласувал, по што бил исмејуван и го сметале за будала поради неговата тврдоглавост. Сепак, по некое време неговиот син се вратил дома и се погрижил за се’.

Во долгите зимски вечери, таткото и синот разговарале за животот, а Алим му рекол:

Ако нешто боли, молчи. За возврат нема да добиеш ништо друго освен сожалување. А потоа ќе се обидат да те удираат таму каде што боли најмногу.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: Larry Pannell

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука