септември 2, 2024

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Група канадски научници дошле до заклучок дека полифенолите најактивно го стимулираат производството на тестостерон. Затоа, производите кои содржат повеќе од овие супстанции најбрзо го зголемуваат нивото на машките хормони во крвта.

Тестостеронот е хормон кој влијае на многу различни функции во телото. Примарно придонесува за развој на либидото, коскената маса, дистрибуција на масти и производство на црвени крвни зрнца. Тоа влијае и на мускулната маса и силата.

Како што пренесува Daily Mail, научниците составиле еден вид листа на храна која е богата со полифеноли. Вклучува зелен чај, грозје, целер, јаболка, грав и грејпфрут. Овие производи се богати со флавоноиди кои ги активираат гените одговорни за производство на тестостерон. Интересно е што не се споменува месо и други производи кои многу нутриционисти долго време ги нарекуваат главен извор на тестостерон.

Симптомите на низок тестостерон вклучуваат еректилна дисфункција, неплодност, гинекомастија, намален раст на косата, намалена мускулна маса и губење на коскената густина. Покрај диетата, нивото на тестостерон може да се зголеми и со правилно спиење од седум до девет часа секој ден, избегнување на стрес и поголеми напори. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука