Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладневно, нешто пред 16:00 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, информираат читатели на OhridPress, кои испратија фотографија до редакцијата.
Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувале моторно возило марка „Ауди“ и мотоцикл.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата.
Екипа на СВР Охрид изврши увид на лице место и со повеќе детали се очекува да излезат во текот на утрешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 293