ЕКОЛОГИЈА Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Видови риби во Охридското Езеро на стара разгледница

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Седумнаесет видови риби кои живеат во Охридското Езеро на мотив на стара разгледница, не потсетуваат на разновидноста и богатството на живиот свет во езерото.

– Седумнаесет видови риба кои можат да се најдат во Охридското Езеро, стои во описот на старата разгледница, во текст кој е напишан на српски јазик.

– Освен за цените, кога седнувате на риба по рестораните во Охридон и околината, добро е, како дел од културната, географската и биолошката значајност на овој регион, и да си знајте кои видови риби пливаат во Езерото… – напиша во објавата во која ја сподели фотографијата Facebook корисникот Zora Jovanovska.

Со оглед на брзината со која го губиме живиот свет во езерото, можеме само да се надеваме дека денес се’ уште ги имаме сите риби од овој список во Охридското Езеро. (Крај)

извор: Zora Jovanovska фото: Zora Jovanovska

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука