септември 2, 2024

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шведската поп сензација Benjamin Ingrosso го претстави четвртиот сингл за Universal Music „All My Life“, песна која може да се опише како заразна поп химна, која е најдобро да се искуси во живо.

– Новата песна е за откривање на она што отсекогаш сте го барале, без разлика дали тоа е љубов, начин на живот, кариера или долгогодишен сон. За мене се работи за одредена личност и остварување на мојот животен сон. Ова е најразиграната песна што сум ја напишал и продуцирал, вели музичарот.

Ingrosso неодамна ја издаде и „Look Who’s Laughing Now“, која беше еден од најголемите летни хитови. За поздравување е и успехотт на енговата турнеја „Better Days“, во рамките на која тој продаде над 120.000 билети, што ја прави најпродаваната турнеја во Шведска оваа година.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука