Забава Избор

SUPER Fresh Music: Katy Perry – Woman`s world

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Големото враќање на една од новите кралици на поп музиката, Katy Perry е одбележано со новиот сингл „Woman`s world“ чија неприкосновена женска енергија го најавува новиот албум.

Во текстот таа порачува дека е дојдено време за матријархатот, а поп-звукот што ја придружува песната јасно кажува дека Katy продолжува да го негува стилот што ја одржува на врвот на музичката индустрија изминатата деценија.

– Сакав да снимам храбар, триумфален албум исполнет со позитивна енергија и танцувачки поп звук. Името „143“ ја носи нумеролошката симболика на љубовта што сакав да ја пренесам, вели Katy и го најавува својот шести студиски албум „143“ кој ќе ја види светлината на денот на 20-ти септември.

Katy важи за неприкосновена поп икона, а албумот „Teenage Dream“ од 2010 година донесе нова ера на поп музиката.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука