Забава Избор

Yon Idy го издаде првиот студиски албум „Ghosts“

Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со најновиот сингл „Ghosts“, македонскиот музичар Yon Idy го издаде и првиот истоимен студиски албум, со што заокружи една етапа од својата кариера.

Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.

– Го подготвувам следниот албум, но и за турнеите во Македонија и странство. Едвај чекам преку музика да ги споделам моите животни приказни и искуства со светот, вели Јон.

Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995 година. Неговата музика се емитува на радио станици низ светот, како во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука