Забава Избор

The Evolution of Ibiza, документарен филм за островот на забавата

Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – The Evolution of Ibiza: Can the White Isle retain its legendary magic? е насловен документарниот филм за Ibiza, популарниот остров на забавата.

Полни 68 минути, легендарни имиња како Carl Cox и Fatboy Slim зборуваат за своите искуства.

Овој долгометражен документарен филм ја раскажува историјата на сцената на островот од хипи дружење од 1970-тите до број еден клабинг дестинација во светот.

Носи интервјуа со сопственици на локални клубови, промотори и локално население кои ја раскажуваат приказната за модерната Ibiza.

Пренесени се ставовите и на актуелниот директор за туризам на Ibiza, Juan Miguel Costa, кој зборува за влијанието на Covid-19 кризата врз економијата и ноќниот живот на островот.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука