News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 2, 2024

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички прoект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV подземен кабелски вод со трафостаница ТС 10(20)/0,4kV во КО Оровник, Општина Охрид, Тех бр: Е–142/ 23-уп од ноември 2023 година, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги „Електрo дизајн“ ДООЕЛ Охрид.

За Проектниот опфат на Урбанистички прoект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV подземен кабелски вод со трафостаница ТС 10(20)/0,4kV во КО Оровник Општина Охрид, изработени се Услови за планирање на просторот со тех. бр. Y27323 од јули 2023 година, изработени од Агенција за планирање на просторот, со Решение за Услови за планирање на просторот со арх. бр. УП1-15-1445/2023 од 20-ти јули 2023 година, изработено од Министерство за животна средина и просторно планирање.

– Должина на проектниот опфат на подземниот вод изнесува 1.311 м
– Широчина на проектниот опфатот планиран за подземниот вод е 1 м
– Површината на новопланираната трафостаница изнесува 20 м²
– Површината на проектен опфат изнесува 1.330 м2

Надлежниот орган во електронска форма го ставана увид на јавноста со објавување на службената web страна на ОпштинаОхрид и на официјалната страна од е-урбанизам. Јавниот увид ќе биде од 3-ти до 17-ти септември 2024 година. Евентуални забелешки можат да се достават секој работен ден во архивата на Општина Охрид.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука