Избор Локална самоуправа

Пецаков: Нека оваа учебна година биде исполнета со прекрасни моменти на учење и другарување

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков упати честитки до учениците, наставниците и родителите по повод почетокот на новата учебна година.

Денес започнува нова авантура на љубопитност, можности, предизвици и знаење. Нека оваа учебна година биде исполнета со прекрасни моменти на учење и другарување, порача Пецаков.

– На сите ученици им посакувам многу среќа, инспирација и успеси, а на нашите првачиња големо добредојде во светот на знаењето. Нека оваа учебна година биде ваша најубава приказна испишана со радост и незаборавни спомени. Општина Охрид во континуитет останува посветена на образованието, како еден од најважните приоритети. Продолжуваме со инвестиции во сите основни и средни училишта за да обезбедиме подобри услови за настава и поголеми можности за развој на нашите ученици. Нека е среќна и успешна новата учебна година, нека донесе гордост и убавини за сите нас, вели градоначалникот Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука