Малолетничка од Охрид пријавила дека нејзиниот татко и’ се заканувал и се обидел физички да ја нападне
септември 2, 2024

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2024 година, во 18:00 часот во СВР Охрид, малолетничка од Охрид, во присуство на нејзиниот полнолетен брат, пријавила дека нејзиниот татко и’ се заканувал во семејниот дом и се обидел физички да ја нападне.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука