Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Miloš Nedeljkov a.k.a. Balkandad деновиве ужива во Охрид и Bacchus Wine Bar & Apartments

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Можеби го знаете по профилот Balkandad, а некои го знаат и како Miloš Nedeljkov, талентирано момче, кое на социјалните мрежи стана познато по тоа што шири позитивна енергија и преку своите хумористични видеа имитира еден типичен балкански татко.

Деновиве тој го посети преубавиот Охрид, каде уживаше и во атмосферата во Bacchus Wine Bar & Apartments.

– Имавме задоволство да го угостиме Miloš Nedeljkov a.k.a.@balkandad во нашиот вински бар. Беше незаборавна вечер исполнета со одлично вино, смеа и неверојатно друштво. На здравје за нови пријателства и незаборавни искуства, порачаа од Bacchus Wine Bar & Apartments.

Во неговите хумористични видеа, Miloš на негов карактеристичен начин имитира типичен балкански татко. По потекло е од Србија, а во раното детство со семејството се преселил во Нов Зеланд, каде пораснал и се школувал. Потоа се преселил во Австралија поради својата работна кариера и таму останал четири години.

– Многу луѓе ме препознаваат во Србија, па кога снимам во јавност добивам многу насмевки и барања за сликање. Никогаш не сум имал лошо искуство со публиката или следбениците, ако некој не ме познава, изгледам како типичен балкански татко, па не добивам чудни погледи. Мојата филозофија како инфлуенсер е да бидам отворен и топол, бидејќи многу деца и луѓе се срамежливи да пристапат кон некого што го следат, па затоа најчесто иницирам разговор ако некој ме препознае. Па ако ме видите на улица, слободно извикнете го моето име и дојдете да се поздравиме, вели Miloš.

Bacchus Wine Bar & Apartments повеќе од една година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за сите сетила. На врвна локација и со амбиент и понуда за најголемите вински сладокусци. Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, а може да се пробаат и уникатни ракии од кои повеќе од четвртина ги има само тука. Даваат и силна поддршка за локалните производители на храна, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство.

Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17, а располагаат и со современо уредени апартмани со прекрасен поглед кон езерото и стариот дел на градот. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука