Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во петок традиционален годишен концерт на ВИС „Билјана“

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок, 6-ти септември, со почеток во 20:00 часот, во предворjето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана.

– Ова година, по дванаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наш годинешен гостин е почитуваната Вера Милошевска Јосифовска од групата „Љубојна“, информираат организаторите.

Билетите се во ограничен број и се продаваат по цена од 300 денари. Можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680, а ќе се подигнуваат на самиот влез, еден час пред почетокот на концертот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука