Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Повторно бурно деноноќие во Охрид, три случаи на физички пресметки

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен, кој носи три случаи на физички пресметки.

На 2-ри септември 2024 година, околу 20:30 часот на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, полициски службеници привеле три млади лица, на возраст од 21, 18 и 20 години, сите од Охрид, додека еден малолетник од Охрид е повикан на службен разговор затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При приведувањето, кај  едно од лицата биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 2-ри септември 2024 година, во 18:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица од Охрид, на возраст од 49 и 70 години. Тие се сомничат дека околу 1:.50 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, физички и со метални предмети нападнале 43-годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 2-ри септември 2024 година, во 16:20 часот 68-годишно лице од Охрид, пријавило во СВР Охрид, дека во дворно место на улицата „Галичица“ едно лице физички го нападнало, при што во раката имало и остар предмет. Се работи на расчистување на случајот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука