Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Владо Броз и Марама со „На тебе сум осуден“ имаа забележителен настап на поп вечерта на фестивалот „Охрид Фест – Охридски Трубадури“

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна го промовираа првиот сингл „Галеб охридски“ во познатото охридско „Форт Кафе“, Владо Броз и Марама со „На тебе сум осуден“, имаа забележителен настап на втората, поп вечер на фестивалот „Охрид Фест – Охридски Трубадури“.

Песната е комплетно дело на познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски.

Владо Броз и Марама се едни „двајца“ за кои Каралиевски подготви два нови летни хита, кои важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука