Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри септември 2024 година, во 09:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 77-годишно лице од Охрид, удрило во 75-годишнен пешак од Република Хрватска. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, инфомрираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 138