Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Анастасија Милеска со нејзиното гитарско дуо „Дениција“ во Шведскиот парламент во Стокхолм ќе свири дела од македонски композитори

Скопје/Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонското гитарско дуо „Дениција“ ќе настапи во шведскиот Парламент на 17-ти септември во рамки на прославата на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Охриѓанката Анастасија Милеска и Александар Андријевски ќе свират дела од македонски композитори. „Дениција“ настапува по покана на македонскиот амбасадор во Стокхолм, на настан организиран од парламентарната група за шведско-македонско пријателство во која членуваат пратеници од сите партии застапени во шведскиот Парламент, јави порталот сдк.мк.

– Голема благодарност до амбасадорот Џенк Сејфула за поканата да отсвириме целовечерен концерт во Шведскиот парламент. На програмата ќе се најдат дела од композиторите Панде Шахов, Дарија Андовска, Ангел Спироски, Ана Пандевска, Филип Иванов и Вања Николовски-Ѓумар. Композициите се дел од нашиот проект за збогатување на македонското творештво за класична гитара и се искомпонирани за нашето дуо, велат од дуото „Дениција“.

Анастасија Милеска и Александар Андријевски биле во гитарската класа на професорот Дарко Багески, во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Милеска е охриѓанка која основно музичко училиште заврши во класата на проф. Александар Крстаноски во ОМУ Методи Патче во Охрид. (Крај)

извор: сдк.мк/М.Џаровска фото: сдк.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука