ДЗС: Во Југозападниот регион се пополнети 34.457, а слободни се 537 работни места
септември 3, 2024

Скопје/Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.95 %.

– Највисока стапка на слободни работни места од 3.68 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување во кој изнесува 0.00 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.69 %. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.55 %. Најголем број слободни работни места, односно 2.543, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба, информираат од ДЗС.

Според истиот извор, во Југозападниот регион се пополнети 34.457, додека слободни се 537 работни места со стапка на слободни места од 1.53%. (Крај)

извор: ДЗС фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука