Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив.

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други.

Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин.

Во близината на Халкидон го убија Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силиврија, каде после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

Тропар

Крв јагнешка и јарешка не посака Господи, жртва сепаленица отфрли, а само срце скрушено и смирено не презре, та затоа Црквата ја втемели на каменот на Твоите свети заповеди. Глава Си нејзина Ти Господи, а темелите ги зацврсти со крвта на твоите маченици, кои срце чисто ти принесоа, по нивните молитви свеќникот наш да не се помести. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука