Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Изградбата на колекторот во Трпејца е значајно за туристичкиот потенцијал на Охрид и целата држава

Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера на владина седница се донесени повеќе одлуки, меѓу која и одлука за изградба на колекторот во селото Трпејца кај Охрид, во вредност од 68 милиони денари, како и 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, потенцирајќи дека Владата се грижи за реалните потреби на граѓаните.

– Неколку инфраструктурни проекти коишто ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт поминаа на вчерашната владина седница, конечно еден многу значаен проект после неколку децении ветувања ќе биде завршен, а тоа е завршување на колекторскиот систем во Охрид, изградба на фекална канализација во село Трпејца, коешто е значајно за туристичкиот потенцијал, не само во Охрид, туку и за цела држава, од прилика 68-69 милиони денари со вклучен ДДВ се одвоени тука, изјави претседателот на Владата, Мицкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука