Вевчанци се простија од Бора Чорба, нивниот голем пријател
Вевчани, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Почивај во мир пријателу на Вевчани Бора Ѓорѓевиќ – Чорба, порачаа во поздравот до музичарот Вевчанци во популарната група на Facebook Moe Vevcani.
Тој своевремено беше голем поддржувач и чест гостин во Вевчани, дури и во времето кога беше навистина тешко, но во исто време и престиж и привилегија да се биде Вевчанец.
– Кога некој ќе каже Македонија, јас секогаш помислувам на Вевчани. Симбол на Македонија, ја пренесуваат членовите на групата изјавата на Ѓорѓевиќ.
Во болница во Љубљана, каде претходно што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови, денеска, на 72-годишна возраст почина легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |