Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Клекоски: ЈЗУ должат над 5 милијарди денари, меѓу најголемите должници се и болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид

Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според состојбата на 3-ти јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава, истакна денеска в.д директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.

– Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.

Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.

– Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.

Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука