Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва ќе се одржи свечен концерт на кој ќе настапат дел од учениците на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид со камерниот оркестар „Анима“ од Република Бугарија.
– Под диригентска палка на Георги Зајранов, како силисти ќе настапат Емилија Илиева на виолина од НУ „Добри Христов“ од Варна, Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски на хармоника и Виктор Србиноски на виолина од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, информираат организаторите.
Концертот ќе започне во 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 74