Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 15 години од потонувањето на бродот „Илинден“, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.
Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.
По бројните реакции во јавноста годиниве наназад, конечно беше изработено и поставено ново спомен обележје на загинатите бугарски туристи кои настрадаа при потонувањето на бродот „Илинден“.
Споменикот е поставен веднаш до пешачката патека, после мостот, а околу него треба да никне и новиот парк на розите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива