Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со своја програма, НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува на активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
– По повод 32 години од независноста, под слоганот „8-ми Септември – Гласник на слободата“, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено нашите музејски објекти Куќата на Робевци, Галеријата на Икони и Залив на Коските ќе бидат отворени без надоместок за сите граѓани, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Додаваат дека вечерва, во 18:00 часот, во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески- Минта насловена „33 Христос живот за спас на човештвото“, во која се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос). Посетителите ќе можат да ја видат изложбата во периодот од 8-ми до 14-ти септември 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива