News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 5, 2024

Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање одлучи да се повлечат Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата, реагираат од Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42.

– Искрено го поздравуваме ваквиот потег и се надеваме дека МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја, велат од Фронт 21/42.

Додаваат дека доставиле претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

– Во оваа смисла се надеваме дека повлекувањето на Предлог законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја, потенцираат од Фронт 21/42. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука