Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Над 1.700 семејства добија ваучери за летување во домашните туристички капацитети

Скопје/Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година 1.777 семејства со ниски приходи ќе добијат ваучери за одмор во висина од 18 илјади денари.

Истите ќе треба да се искористат во периодот од 15-ти септември до 1. декември 2024 година во некој од домашните туристички капацитети и угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерството за економија и труд.

Целта на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Ваучерите се доделуваат на сите физички лица што се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето-приходот од 50 илјади денари. За оваа мерка се предвидени 32 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот.

Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик, се потпишани, согласно принципот прв дојден-прв услужен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука