септември 6, 2024

Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Газираната и негазираната вода се подеднакво корисни за одржување на рамнотежата на водата во телото.

Сепак, предност се дава на негазираната, затоа што газираната вода понекогаш може да го наруши уринарниот и дигестивниот систем, покажаа резултатите на испитувањата спроведени од австралиски научници. Според нив, газираната вода не им штети на забите и коските, иако, поради својата киселост, може да ја омекне забната глеѓ, што е проблем кој првенствено се јавува кај оние кои често консумираат пијалоци со многу шеќер и сокови од цитрус.

Експертите се со став дека газираните пијалоци понекогаш предизвикуваат проблеми со гастроинтестиналниот тракт. Ова се случува поради гасовите кои се акумулираат во стомакот и предизвикуваат болка, надуеност и други непријатни симптоми. Ако некое лице има хиперактивен мочен меур, зголемената киселост на газираните пијалоци, вклучително и водата, може да ја влоши работата на уринарниот систем.

Но, газираната вода нема да и’ наштети на здрава личност. Покрај тоа, научниците веруваат дека можете безбедно да ја консумирате со храна. Не го разредува гастричниот сок и не го попречува варењето.

За да се извлече максимална корист од газираната вода, лекарите советуваат купеното шише да се отвори и да се остави на топло место најмалку еден час пред консумирање. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука