Загреб, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти ноември, во загребска „Арена“ ќе се одржи големата прослава и концертот по повод 55 години од постоењето на групата Нови Фосили.
– Сања, Маринко и Зец најавуваат бројни изненадувања и гости, а подготовките за спектаклот се во полн ек. Во тек се пробите со продукцијата и целиот тим за да имаме забава за паметење за која долго ќе се зборува, велат организаторите.
Пред овој концерт Сања, Маринко и Зец ја почестија својата публика со верзија во живо на една од најпопуларните песни на групата, „Милена“ од концертот од 2019 година во салата „Ватрослав Лисински“.
Нови Фосили шират „добри вибрации“ веќе 55 години, а нивните песни како „За она добра стара времена“, „Да те не волим“, „Речи ми тихо“, „Саша“, „Шути мој дечаче плави“, „Сања“, „Кошуља плава“ и многу други станаа хитови за сите времиња. Денес, 55 години од основањето на бендот Сања, Маринко и Зец сакаат да го пренесат своето наследство на генерациите што доаѓаат, па ги повикуваат сите да им се придружат на оваа прослава на музиката, љубовта, пријателството и спомените.
– Пресреќни сме што можеме да ја поканиме публиката на нашиот славенички концерт. Подготвуваме многу изненадувања, гости и пред се’ одлична забава. Придружете ни се за заедно да ги прославиме овие прекрасни 55 години. Се гледаме на 9-ти ноември, рече Сања Долежал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива