Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лошата патна инфраструктура, но често и невниманието на возачите и пребрзото возење се најчестите причини поради кои сообраќајните незгоди се честа слика на нашите патишта.
За жал, често тие резултираат и со повредени лица, а дел завршуваат и со трагични последици. Сепак, според официјалните податоци, бројот на сообраќајните незгоди со човечки жртви на територија на Охрид е намален за 50% во однос на минатата година.
– Во иднина интензивно ќе продолжи вложувањето во човечки и технички ресурси со цел борба со сообраќајниот хаос, како на територија на Охрид, така и во целата држава, истакна за време на последната посета на Охрид министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес