Скопје/Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во споредба со јули 2024 година, е зголемен за 0,2 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 %, Алкохолни пијалаци зa 0,3 % и Ноќевања за 0,1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5,1 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5 %, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6 %. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 55